„Водовод“ купи две возила во вредност од 171 000 евра

28 Мар 2019
664 пати

Во КЈП Водовод од Кочани конечно се доопремија со две нови возила. Едно, работна машина (ровокопач) по цена

од 61 000 евра без ДДВ, купено преку јавна набавка и второ, камион (ѓубрарка) со зафатнина од 22 м3 по цена од 110 000 евра без ДДВ.
Станува збор за камион кој за разлика од досегашните може да собере околу дваесетина од големите контејнери со едно полнење на лице место, со што ќе се заштеди време и гориво, а со тоа и значајни финансиски средства.
Двете возила, како што дознава Кочани ФМ радио се набавени од сопствени средства на претпријатието.
За десетина дена во „Водовод“ очекуваат да пристигне и машина (метларка), која според каталошката спецификација би заменила од 10 до 12 работници
Се подготвува апликација за добивање средства за промена на главниот потисен цевковод од Бунарскиот систем во Грдовци до препумпната станица кај стариот филтер во градот, како и проект за добивање на грант за промена на сите водомери на физичките лица во Кочани до крајот на оваа година. Со тоа би се овозможило попрецизно отчитување на потрошената вода од крајните корисници. Финансиската конструкција е од над 1, 5 милиони евра.
Во кочанското Комунално претпријатие интензивно се работи и на заштеда на потрошувачката на електрична енергија, која во моментов е двојно повисока поради двете препумпни станици до фабриката за вода. Оттука во објектот на Пречистителната станица во Мојанци веќе е монтиран соларен систем со производство од 590 000 киловат часови. Вакви фотоволтаични панели ќе се постават и кај бунарскиот и геотермалниот систем.

Оценете ја оваа вест
(2 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.