Пречистителната станица за отпадни води започна да работи

13 Јул 2019
492 пати

На Петровден, вчера, празникот на Кочани, свечено е пуштена во употреба Пречистителната станица за третман на отпадни

води во Кочани, најголемата донација на Швајцарската Конфедерација во нашава држава. Швајцарците, за овој објект изграден за две години во селото Мојанци, издвоија 21 милион швајцарски франци. Останатите 3 милиони ги обезбеди Министерството за екологија, заедно со Општина Кочани и КЈП „Водовод“.
Меѓу гостите беше и екс - градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски, во чиј мандат започна да се гради Пречистителната станица. Тој беше во друштво на советничката група од неговата партија и републичкиот пратеник.
За соработката, капацитетитот и значењето на овој капитален објект за регионот говореа премиeрот Зоран Заев, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Тејада и градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.
„Пречистителната станица за отпадни води во Кочани претставува пример за штедење на енергија, пример за користење на обновливи извори, пример за користење на отпадот, со еден збор: пример за циркуларна економија, најдобрата алатка за справување со предизвиците од климатските промени.
Со подобрувањето на општинскиот систем за отпадни води, се обезбедува поздрава животна средина, безбедно земјоделско производство и забрзување на локалниот економски развој“.
Општина Кочани упатува голема благодарност на Владата на Швајцарија, на Државниот секретаријат за економски работи – SECO, на Министерството за животна средина и на сите институции и поединци коишто вложија средства и труд за реализација на овој проект.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.