Амфенол технолоџи Македонија го прославува шестиот роденден

18 Окт 2019
737 пати

По повод шестиот роденден на најголемата компанија во Општина Кочани, Амфенол технолоџи Македонија,

денеска се одржа средба со претставниците на локалните медиуми. За растот и развојот на фирмата зборуваше генералниот менаџер, Сашко Наков, кој меѓу другото рече: „Во октомври прославуваме шест години од работењето на АТМ во Кочани. Започнавме како мала фирма со петнаесетина вработени, за денеска да броеиме 1840-ет. Изминативе шест години инвестиравме повеќе од 20 милиони евра. Последната година меѓу петтиот и шестиот роденден донесовме инвестиции од 4 милиони евра, изградивме нова зграда од 3 000 квадрати која веќе е ставена во функција. Идната година ќе го задржиме трендот на раст, ќе го зголемиме капацитетот, што ќе донесе нови 300 вработувања во наредниот период, со што вкупниот број на вработени ќе изнесува меѓу 2 200 и 2 300 работници“.
Конкретно за случувањата в недела на 20 октомври зборуваше претставникот за односи со јавноста, Кристина Вучева, која ја образложи програмата за одбележување на роденденот. Имено, во текот на наредната недела ќе се чисти патот Кочани – Брана „Градче“ и дел од Индустриската зона. „Амфенол“ ќе донира клими за целото детско одделение во Општа болница. Пикникот ќе се одржи на Споменикот на слободата в недела од 12 до 17 часот.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.