Позицијата и опозицијата во Кочанскиот совет се здружи – Да се преземат мерки против концесионерот кој неконтролирано ја црпи геотермалната вода

07 Ное 2019
1741 пати

Денеска позицијата и опозицијата во Советот на Општина Кочани се здржија и заеднички побараа од државата нешто

да преземе и да го спречи приватниот концесионер кој неконтролирано ја црпи геотермалната вода и наместо да ја инектира назад во утробата на земјата, ја испушта во Кочанска Река. Поради тоа нивото на топлата вода во базенот значително е намалена.
„Во врска со заклучокот од 32 седница на Советот на Општина Кочани, ние како членови на Советот, јавно ги повикуваме сите надлежни државни институции итно да преземат мерки во врска со неконтролираното исцрпување на геотермалната вода во Општина Кочани. Проблемот тлее подолго време, но во последната година истиот ескалира. Затоа уште еднаш апелираме ние како членови на Советот и бараме од техничкиот инспекторат и од Министерството за економија да преземат соодветни активности кон приватниот концесионер, бидејќи до сега неколку пати е реагирано од локалните институции, а од државата сеуште нема одговор“, рече Томче Солевски, претседател на Советот, соопштувајќи го ставот на сите негови членови.
Ова се случи денеска пред зградата на Општината во Кочани. До Солевски стоеше градоначалникот Николчо Илијев, а со нив беа сите советници во знак на подршка на соопштениот став.

Оценете ја оваа вест
(2 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.