Времено ослободување од каматата за заостанатите комунални сметки во Кочани

19 Ное 2019
490 пати

Корисниците на комунални услуги во Кочани кои имаат заостанати неплатени сметки ќе бидат ослободени од

каматата, ако обврските целосно ги платат до 20 декември годинава.

Таква одлука донесе Управниот одбор на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ и таа се однесува на сите физички и правни лица, без разлика дали за неплатените долгови добиле тужба или побарувањата се во редовна процедура.

– Целта е да им олесниме на поголем број граѓани да ги платат натрупаните долгови, одосно да го избегнат дополнителното финансиско оптоварување со плаќање на каматата. Одлуката е и во интерес на нашето комунално претпријатие бидејќи очекуваме таа да придонесе за подобрување на финансиската состојба со зголемувањето на наплатата на сметките за потрошена вода, ѓубрарина и за другите ставки, вели Андреј Киров, директор на „Водовод“.

Ослободувањето од плаќање камата за заостанатите сметки не се однесува на органите на државната и локалната власт, како и за другите државни органи основани согласно Уставот и со закон. Исто така, не се вклучени и институциите кои вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а се организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија, чиј основач е државата или Општина Кочани.

Според евиденцијата на „Водовод“, со поголем број неплатени сметки се соочуваат домаќинствата во однос на заостанатите обврски што ги имаат претпријатијата.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.