Протест пред „Пејпар мил“ – Се собираа потписи за колективна тужба

24 Фев 2020
1015 пати

Кочанчани во неделата протестираа пред фабриката за хартија Пејпар мил.

Револтирани се, велат, зашто и покрај сите укажувања и инспекциски контроли, од фабричкиот оџак излегува црн дим и отровни материи кои веќе предизвикуваат и здравствени проблеми, посебно кај помладите.
Децата ни боледуваат, сите кашлат. Лично моето дете го носам во болница. Веќе сме во „Козле“, зашто има проблеми со дишењето и со алергија-изјави, Александар Захариев, кој живее во близината на кочанската фабрика.
Тие се сомневаат дека од „Пејпр мил“ не се придржуваат на правилата за заштита на животната средина, па наместо метан и пелети, се користи друго гориво кое не ги задоволува еколошките стандарди.
Ние гледавме, не сме слепи, кога влегуваа возилата со метан, со тие боци и сега гледаме кога влегуваат возилата за кои не знаме што внесуваат и што се се става во тој горилник да гори. Не е проблем луѓето да работат, нека работат, ама да ги почитуваат правилата врз која основа им е дадена дозволата за работа-изјави Јане Јанков, кој исто така живее недалеку од фабриката.
Најкритично е, велат револтираните жители на околните стамбени , во петок попладне и за време на викендот.
Претежно ноќите за време на викенд се страшни-изјави Јанков
Кога ја пуштат е страшно, значи не се поднесува. Мислам дека тоа треба да го сфатат сите-изјави Мане Јорданов.
Според Законот, фабрика од ваков тип не смее да постои на растојание помало од 2 км од населено место. Населбата е градена подоцна, па сега буквално граничи со фабриката. Или нека се селат од тука на 2 км. и нека го почитуваат Законот или ако сакаат тука да останат нека работат на метан, како што и работеа претходно и да не не загадуваат- рече Орце Николов, од граѓанското здружение кое се бори за чист воздух во Кочани
Граѓаните потпишаа полномошно за адвокат за поднесување на колективна кривична пријава против раководството на фабриката, преку која ќе бараат да престане загадувањето и да им биде исплатена оштета.

Оценете ја оваа вест
(2 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.