Според државната матура - Учениците повеќе знаат странски отколку македонски јазик

16 Јул 2014
2033 пати

Матурантите повеќе ги познаваат странските јазици, отколку што го познаваат мајчниниот јазик

Вакви се резултатите од годинешното полагање на државната матура, информираат од Министерството за образование. Според веќе објавените податоци, 17 560 кандидати кои полагале мајчин јазик и литература на македонски, турски и албански постигнале просек од 2,99. Истовремено, странски јазик полагале 16 575 ученици и достигнале просечна оценка од 3,43.
Државната матура годинава достигна до тројка како просечна оценка на испитот на знаењето на средношколците од завршната година. Но, останува симптоматично, Македонец на пример, подобро да зборува на странски отколку на мајчин македонски јазик.
Следната испитна сесија за матурантите е закажана 11 август и ќе трае до 16-ти. Државна матура кај нас се полага од учебната 2007/2008 година.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.