Кочани – дел од европската турнеја на канадското дуо Елсиан

09 Ное 2018
424 пати

На 20 ноември, во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, ќе настапи канадското дуо Елсиан, кое е на

европска турнеја и за прв пат ќе гостува во Македонија.

Пејачката Елсиан Каплет е мултиинструменталист со извонреден глас, а Стефан Сото е талентиран, самоук и инстинктивен тапанар. Бендот е основан во 2000 година во Монтреал и е спој на заедничкиот сензибилитет кон жанрови како што се џез, рок, електроника и world music што произведува единствена креативност кај неговите членови.
Нивната музика се оценува како мистична и космична, амбиентална музика којашто одвлекува од баналноста на секојдневието.
Деби албумот на Елсиан, „Хибрид“ е издаден во 2007 година и доби признанија од целиот свет. Нивните турнеи низ Северна Америка, настапите на Меѓународниот џез-фестивал во Монтреал и Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, соработката со Оливие Дуфур и со познатата компанија Cirque du Soleil, го зацементираа статусот на дуото како еден од најперспективните бендови кои доаѓаат од северноамериканскиот континент.

Вториот албум „Механика на емоции“, е издаден во 2012 година, каде што го претставија новото чувство за светлина и сенка во нивните длабоки и мистични трип-хоп песни.
Актуелниот, трет студиски албум „Смртта на младиот уметник“ го објавија во почетокот на 2017 година и за своето ново уметничко дело експресно добија исклучително позитивни реакции од своите верни фанови, како и одлични оценки од многу музички критичари.
Кочани е првата македонска дестинација на овој бенд со светско реноме. Концертот ќе започне во 20 ч.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.