Вечерва - Концерт на „Трио Џентлмен“

06 Сеп 2019
155 пати

Во рамките на одбележувањето на 75-годишнината од ослободувањето на Кочани, в петок на 6 септември, по

свечената седница на Советот на Општина Кочани, на платото пред Центарот за култура „Бели мугри“ концерт ќе приреди „Трио Џентлмен“.

„Трио Џентлмен“ е составено од професионалните оперски пејачи: Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Дарко Нешовски – тенор.

По урнекот на светските поп-класични состави, тие се трудат овој жанр на пеење да го презентираат и на нашите простори. На нивниот репертоар, освен класичните композиции, се наоѓаат и најголемите светски поп-хитови изведени во класичен поп-манир, наполитански канцони, шпански песни, руски романси и, секако, македонското творештво.

Концертот во Кочани ќе започне во 21 ч.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.