Прес на ОК на ВМРО – ДПМНЕ: „Културата во Кочани ја водат некомпетентни луѓе!“

06 Мар 2020
623 пати

Претседателката на Комисијата за култура при ОК денеска одржа прес конференција во која ги издвои мерките за спас на културата значајни за Кочани!
Ви го пренесуваме текстот во целост:


Градот кој некогаш важеше за најчист град и за град на театарот, е град кој денеска за жал ги изгуби и двата епитета! Доаѓа крајот на трендот на непочитување на културата.
Почитувани сограѓани,
Власта и Градоначалникот не си го одржаа своето програмско ветување Кочани да добие професионален театар до крајот на 2019 година во која центарот за култура воопшто немаше сопствена продукција.
Но, исто така година во која беше вработен режисер за чија работа нема ниту еден вработен актер.
Уште потажно е што на шеесетгодишнината од постоењето на ДАФ немаше кочанска театарска претстава. Се поставува прашањето – Зошто?
Ке ви одговорам:
-Затоа што се затворени вратите на оние кои сакаат да го негуваат аматеризмот. На чело се поставуваат некомпетентни кадри кои воопшто не го познаваат кодексот на културата и театарот.
Овој град има дипломирани актери , режисери, драматурзи, но факт е дека овие луге својата егзистенција ја бараат во театрите низ државата , а не во својот град.
Факт е дека културата им е на последно место на оваа власт!
Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ке стави крај на овој тренд на непочитување на културата.
За таа цел, деновиве промовиравме мерки за спас на културата, мерки кои се од особено значење за развојот на културата во нашиот град , а тоа се:
Зголемување на инвестициите од 3.7% на 5% од БДП; Намалување на ДДВ од 18 на 5% во културата
Дигитализација на културното и уметничкото наследство
Инвестиција во македонски брендови и креативни индустрии
Делегиран буџет за културните установи
Стимулирање на бизнис секторот да инвестира во културата
Ова се само дел од пакет мерките кои ке допринесат за обнова на културата во државата но и во градот кој некогаш важеше за најчист град и за град на театарот, денеска за жал ги изгуби и двата епитета!
Време е да се стави крај на несовесно и неодговорно однесување на кадрите на сдс кон културата. Оние кои никако неможат да научат како да се однесуваат културолошки кон општеството и своите сограгани , ке си одат на 12ти април, по што ке следува обнова на Македонија и обнова на културата.
Кристина Атанасова Арсова
претседател на Комисија за култура при ОК

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.