ДАФ се презакажува – Наместо последната недела од мај, Фестивалот ќе се одржи од 19 до 26 јуни

20 Мар 2020
211 пати

Драмскиот аматерски фестивал на Македонија се одложува. Наместо од 22 до 29 мај како што беше

првично предвидено и како што вели неколкудецениската традиција, 61 – то издание ќе започне на 19 – ти јуни и ќе трае до 26 – ти истиот месец. Рокот за пријававуње се продолжува до 31 мај. Се разбира, доколку до тогаш заврши лудилото со корона вирусот и се биде добро.
Секако, Кочани останува домаќин.
„Почитувани љубители на театарската уметност, Управата на ДАФ го одложува одржувањето на годинешниот фестивал. Седете дома, читајте, учете текст, има време за проби и подготвка на вашите театарски престави. Се гледаме од 19 до 26 јуни 2020“, стои во објавата на официјалната веб – страна на фестивалот.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.