ПОЛОЖЕНО ЦВЕЌЕ НА БИСТИТЕ НА ЉУПЧО САНТОВ И РАДЕ КРАТОВЧЕ

23 Мар 2020
204 пати

Во знак на почит кон првоборците од Народноослободителната војна, Љупчо Сантов и Раде Кратовче, на денот на нивното загинување, кој е патронен празник

на двете кочански училишта што ги носат нивните имиња, денеска на нивните бисти беше положено свежо цвеќе.

Делегациите од Општина Кочани и СОУ „Љупчо Сантов“, во отсуство на другите редовни содржини решија на овој начин да му дадат белег на празникот и на патроните Сантов и Кратовче.

При положувањето цвеќе беше почитувана социјалната дистанца и мерките за претпазливост од ширење на заразниот вирус

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.