Откажано осмото издание на Вечер на македонскиот афоризам

02 Апр 2020
184 пати

Осмата Вечер на македонскиот афоризам „Кочани 2020“ што беше планирана за 3 април, е откажана согласно препораките и мерките за заштита од коронавирусот.

Годинава тема на конкурсот на кој афористичарите ги испраќаа своите творби беше „Живот и смрт“, а пристигнаа поголем број дела од кои Жири комисијата ги награди најдобрите тројца автори.

Првонаграден е Љупчо Силјановски од Скопје, втората награда му припадна на Ацо Стојановски од Струмица, третата на Јане Атанасов од Кочани, а Витомир Долински од
Струга доби пофалница.

-Собирот на најдобрите афористичари од нашата држава традиционално се одржува во Кочани, но поради актуелната вонредна состојба, годинава тој е одложен на неодредено време. Сè беше подготвено за успешна организација, ги отпечативме билтенот и поканите до учесниците и гостите, но во последен момент ги повлековме, истакна Јане Атанасов, претседател на Афористичка репрезентација на Македонија.

Тој посочи дека темата на конкурсот уште на минатогодишната вечер ја даде победникот Марјан Ангеловски од Скопје, кој, вели, како да имал визија дека токму во овој период ќе има вистинска ситуација на живот или смрт. Тоа што пристигнаа многу творби, додава тој, е доказ дека и во вакви сериозни услови луѓето сè уште ги држи ведриот дух, па пишуваат и творат, Атанасов додаде дека се размислува Вечерта на македонскиот афоризам во иднина да прерасне во меѓународна сатиричарска манифестација со вклучување на афористичари од соседните држави. Тоа ќе зависи и од финансиската состојба и поддршката што ја добива Здружението, особено
што годинава тоа не се најде на листата на проекти од програмата на Министерството за култура.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.