Петрова со награда за поезија и на „Јоан Флора“ во Нови Сад

26 Јун 2014
1877 пати

Розета Петрова, штотуку завршена осмоодделенка во ОУ „Никола Карев“ од Кочани освои втора награда на шестиот Меѓународен фестивал на поезија и краток расказ

„Јоан Флора“ што се одржа пред десетина дена во Нови Сад, Србија. За Петрова годинава ова е трета награда во низа на натпреварувања на млади поети, бидејќи таа претходно го доби највисокото признание, наградата „Димитар Гогов“, на кочанскиот Детски поетски фестивал „Мајски цвет“, а нејзини две поетски творби беа наградени и на „Детските лирски треперења“, фестивал што се одржува во Охрид.
„Годинава добив повеќе признанија и награди, но најдрага ми е онаа од Нови Сад, бидејќи фестивалот има меѓународен карактер“, ни рече Розе за време на неколкуминутното интервју во Радио Кочани, кое веќе е емитувано.
Бидејќи го заврши основното училиште, Петрова, со оглед на успесите и талентот за убаво пишување, на наше изненадување најави дека понатаму образованието го продолжува во областа на медицината.
„Ќе конкурирам на средното медицинско училиште во Штип, што не значи дека ќе престанам да пишувам поезија. Не значи дека оваа моја страст ќе престане кога ќе станам ученик во средно медицинско. Нема правила и понатаму ќе бидам со поезијата и на натревари“.
На меѓународниот фестивал „Јоан Флора“ во Нови Сад, освен Петрова, награда и тоа втора за краток расказ, освои и Каролина Николова, ученичка во СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани. На овој фестивал редовно учествуваат по стотина млади творци од повеќе републики на поранешна Југославија.
На двете ученички-добитнички на награди на „Јоан Флора“ во Нови Сад, ментор им беше Љупка Стојменова, професор по македонски јазик и литература во ОУ „Никола Карев“ во Кочани.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.