Министерството за труд и социјална политика информира дека 5 јуни(петок) е неработен ден за сите

МЕРИСТЕМ ТОБИ (Рудник Пантелеј) Кочани има потреба од двајца работници со работно искуство

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ ПАТНИЦИ ДЕКА АВТО АТОМ ДОО КОЧАНИ ОД 26.05.2020 ГОДИНА(ВТОРНИК)

Пицерија ПЈАЦА продолжува со достава на: пици, пастрамајлии, поховани пилешки прсти, пирошки, зденки,

Со дополнителни здравствени и безбедносни мерки рудникот САСА продолжува со работа, а вработените добија тримесечен бонус

 

Македонска Каменица, 24.04.2020 – И покрај сите предизвици предизвикани од Ковид-19 пандемијата, рудникот за олово и цинк САСА продолжи со производство и продажба на метален концентрат, при што ги исполни планираните производни цели за првиот квартал од оваа година.

Како резултат на тоа, раководниот тим на САСА одлучи на сите вработени, покрај редовните плати, да им исплати и премија (бонус) за нивниот придонес во исполнување на планираните производствени параметри. При тоа најголеми премии добија рударите, техничкиот кадар и персоналот што работи на одржување на опремата во рудничките јами.

Од почетокот на 2020-та платите на вработените во Рудник САСА се зголемени во просек за дополнителни пет проценти. Toa беше четврто по ред зголемување на платите во последните три години откако компанијата Централ Азија Металс, со седиште во Лондон, го презеде рудникот.

„Заштитата на благостојбата на сите наши вработени и добавувачи во овие предизвикувачки времиња претставува наш највисок приоритет. Кај ниту еден вработен во Рудник САСА не е дијагностициран Ковид-19. Преземавме значајни чекори со кои сакаме да обезбедиме континуирано добро здравје на членовите на нашиот тим“, вели генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној.

Конкретно, како превенција од ширењето на Ковид-19 Рудник САСА обезбеди лична заштитна опрема за вработените и членовите на локалната заедница; воведе засилени хигиенски практики согласно упатствата од здравствените институции и препораките на Владата; направи детална ревизија на сите работни операции, вклучително и во рудничката кантина и при транспортот на вработените за да се обезбеди неопходната социјална дистанца; го ограничи пристапот на надворешни посетители во рудникот; воведе работа од дома за дел од вработените за кои тоа е возможно, како и систем за идентификација и засилен мониторинг на здравствената состојба на членовите на тимот кои припаѓаат во најранливата категорија од Ковид-19.

„Преземените мерки во овие тешки околности нѝ овозможија да продолжиме со нашите работни активности, да ја одржиме финансиската стабилност на нашите вработени и бизнисот, да ѝ помагаме на заедницата и да продолжиме со извршување на обврските кон државата и нашите деловни партнери и соработници. Сѐ додека е безбедно, ние планираме да продолжиме да работиме“, потенцираше генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној, искажувајќи голема благодарност до сите вработени и добавувачи за нивната напорна работа и поддршката во овие предизвикувачки околности.

Покрај напорите за одржување на здравјето и безбедноста во рудникот и помошта на локалната заедница, менаџерскиот тим на Рудник САСА е во редовна комуникација со надлежните институции на локално и државно ниво, со цел да обезбеди финансиска помош каде што е соодветно, за да ѝ помогне на земјата во борбата против пандемијата на Ковид-19.

Земјоделците коишто не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, а кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности

МАРКЕТИ, ПРОДАВНИЦИ, УГОСТИТЕЛИ, АПТЕКИ КОИ ЌЕ ВРШАТ ДОСТАВА НА ХРАНА, НАМИРНИЦИ И ЛЕКОВИ, УТРЕ И ЗАДУТРЕ (11 И 12 АПРИЛ)

Почитувани, Во пресрет на Велигденските празници и со цел да дадеме свој придонес во спречување на

Страница 1 од 18

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.