Илијев : „Изградба на катна гаража најдобро решение!“

29 Дек 2017
1154 пати

Според кочанскиот градоначалник, Николчо Илијев, градот во принцип нема проблем со сообраќајното

решение, туку со паркирањето на возилата на улиците. Посебно опасно е косото паркирање. Затоа се варќа двонасочноста на „Кеј на Револуцијата“ и на „Теодосија Паунов“.
При неговиот вчерашен увид, не беше дозволено паркирање на „Кеј на Револуцијата“ и сообраќајот се одвиваше несметано, а улицата имаше поголема пропусност.
За Илијев, проблемот со паркирањето на вистински начин ќе се реши кога ќе се изгради катна гаража за 200 до 300 возила, а треба да се поработи и на подигање на свеста кај граѓаните дека не мора до дуќаните да се оди со автомобил. Може и пеш.
Сепак, имаше реакции на новиот сообраќаен режим. Повеќемина сопственици на дуќани на „Кеј на револуцијата“ и „Теодосија Паунов“ побараа да се дозволи паркирање на возилата на двете улицаи. Тие сметаат дека губат муштерии и пари затоа што не може да се паркира пред нивните трговски објекти.
Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, им одговори дека новото решение не е идеално. Побара разбирање и нагласи дека е потребен компромис и трпение. „Ова е една ситуација каде што мора сите да бидеме свесни дека без отстапки и без компромиси ние не можеме да најдеме решение, бидејќи грешките што се направени во изминатите 50 години со издавање одобрение за гаражите што се наменети за паркирање на возилата и нивно претворање во трговски дуќани, денес ние тоа не можеме да го поправиме и да го решиме, и мојата молба до сите граѓани е да бидат трпеливи додека не изнајдеме навистина адекватно и соодветно решение, пред се за паркирање на возилата, а понатаму да ги ослободиме улиците да бидат за движење на возилата, изјави Илијев.
Општината во моменто работи на вцртување на катна гаража во Градската четвр 6 (центарот на градот), која би требало да биде изградена во наредните неколку години.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.