Советот на Општина Кочани ќе решава за нов паркинг на „Кеј на Револуцијата“

23 Фев 2018
882 пати

Советот на Општина Кочани утре ќе одлучува по предлогот за измена на Планот за јавни набавки, во кој, меѓу другото влегува и јавната набавка за изградба

на паркинг на „Кеј на Револуција“.
На потегот на „Кеј на Револуција“, непосредно по мостот кај Шопинг-центарот дo Центарот за култура „Бели мугри“, Општина Кочани преку Одделението за уредување на градежно земјиште планира преуредување на простор со површина од околу 300 м2.
– Со измената на режимот на сообраќај на улиците „Кеј на Револуцијата“ и „Тодосија Паунов“ и воведувањето двонасочен сообраќај, се јави потреба од простор за паркирање на оваа сообраќајница. Според предмерот ќе се врши ископ на асфалт-бетонски површини, рабници и земја, ќе се тампонира, ќе се постави нов асфалт и рабници. Значајно е да споменеме дека уништување на зелена маса нема да има, односно дрвјата што се таму, остануваат – соопшти градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.
Со цел да ги објасни и директно да им ја предочи актуелната состојба на оваа сообраќајница и планираните активности, денеска Илијев, заедно со претставници на Советот излезе на терен.
Поради близината на шеталиштето покрај кејот на Кочанска Река и тротоарот од другата страна на „Кеј на Револуцијата“, оваа тротоарска површина со години наназад е малку искористена. Со овој проект се предвидуваат нови 22 паркинг места, од кое едно е за инвалидни лица.
Ако Советот одлучи позитивно, за овој инфаструктурен зафат ќе бидат наменети 900 илјади денари.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.