„Златната“ кочанска улица – не смееш да застанеш и да ти пукне гума !

31 Јул 2018
1785 пати

Локалните полицајци, особено оние што се задолжени за регулирање на сообраќајот, предпразнично се со

полни раце работа. Зголемената фреквенција надополнета со бројните „гости“ со возила со странски таблички и големиот недостаток од паркинг простор, направија метеж низ тесните кочански улици.

Драмата особено доживува кулминација на улицата „Ќеј на Револуцијата“, на потегот од кружниот тек до мостот на вљубените. Улица преполна со дуќани, чии газди го чекаат моментот да заработат нешто повеќе, како би ги расчистиле натрупаните обврски од претходниот празен период.

А, полицајците си ја вршат својата работа – не дозволуваат никој да запре макар и на две минути да праша нешто !

Полициско возило, пак, во истата таа забранета зона може да се паркира и по половина час и без опомена да се пишуваат казни од 45 евра. Домашните возачи можат да поминат и со негативни поени, а кутрите „странци“ не собрале доволно поени, ама собрале евра. Видно нерасположени, предпразнично не знаат каде и кому да се обратат.

Во меѓувреме, околу 14, 30 часот сообраќајната полиција се сели на потегот над градскиот базен, да изрегулира уште некое возило, а море од автомобили е закочено на делницата од ТА „Вел Јан“ до автобуската станица. Нема никој на крстосницата кај двата моста да го расчисти метежот.

Возачите што секојдневно патуваат низ Кочани заради работни обврски, одвај чекаат да помине празникот, па да се намали бројот на возила. Дотогаш секој нека си ја брка својата работа, а возачите ќе се снаоѓаат кој како знае и умее, чекајќи ја изградбата на долго најавуваната катна гаража во градот.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.