21 седница на Советот на Општина Кочани - Димитров ја повика позицијата да се укине косото паркирање

30 Јан 2019
843 пати

Советникот од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Јордан Димитров, го повика мнозинството во Кочанскиот совет да се

укине косто паркирање. Ова тој го кажа од говорницата денеска на 21 седница на Советот на Општина Кочани, зборувајќи за Извештајот за работењето на КЈП „Водовод“ за 2019 година.
„Јас бев за платениот паркинг мислејќи дека ќе се среди сообраќајниот хаос во центарот на градот, но еве, имам доблест и признавам дека погрешив. Вие, сега, имајте доблест и ајде заедно да го укинеме платеното паркирање“, рече Димитров. Неговиот повик беше упатен кон советниците на СДСМ кои го чинат мнозинството во Општинскиот совет.
Во името на владеачкото мнозинство одговори, Ѓорѓи Алексов, без да прецизира дали би гласале „за“ укинувањето на косото паркирање (платен паркинг). Тој посочи дека веќе се врши експропријација на улицата „Ленинова“, каде ќе се прави уште една сообраќајна лента. Со ова, Алксов смета дека ќе се спречи хаосот во сообрачајот во центарот на Кочани, кој евидентно, го има, иако постои платениот паркинг.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.