Пендаровски на митинг во Кочани – Ниту една држава не го решила проблемот со иселувањето, ако не била дел од европскит пазар

12 Апр 2019
620 пати

Кандидатот за претседател подржан од СДСМ и уште триесетина партии, Стево Пендаровски, синоќа

беше на митинг во Кочани од каде порача дека првиот круг од изборите е се поблиску и дека „машината е залетана“.
„Се доближуваме до првиот круг од изборите, машината е залетена иде во петта брзина и кога идеш во петта брзина не можеш да го заобиколиш Кочани, овој важен град. Од овде секогаш доаѓале добри вести за мене и мојата екипа“, нагласи тој и додаде. „Една мала Македонија, едвај два милиони дали сме останати, седи на иста маса со големите сили во НАТО и таму ја прашуваат за нејзиното мислење. Нас ќе не прашаат за македонските прашања, но и за сите други проблеми затоа што сме рамноправни. Не постои ниту една земја во Европа која успеала сама да се развие, да има демократија, човекови права, стабилна економија, а без да биде во Европска унија. Особено мала држава со ограничени ресурси како Северна Македонија. Македонија покажува стапки на раст какви не сме имале години наназад. Ниту во најдобрите години на претходниот режим не можеа да обезбедат странски инвестиции колку сега“.
„Со добивањето на датум за почеток на преговорите, од европските фондови ќе ни бидат достапни огромни средства. И сето ова носи подобар живот, стандард, нови работни места, инвестиции. За земјоделците исто така се отвораат можностите и преку овие фондови но и со тоа што нашите производи ќе бидат конкурентни на пазар од 500 милиони жители. Перспективите за младите се тука, за образование, патување, обука, нови и добро платени работни места. Ниту една држава не успеала да го реши проблемот со иселувањето ако не е дел од европскиот пазар. Сите претпоставки за економски развој ги имаме. Северна Македонија покажува стапки на раст како што не сме имале до сега. Тоа покажува дека сме на добар пат и треба да продолжиме напред. ЕУ и НАТО носат подобар живот и затоа сите заедно напред“, нагласи Пендаровски.
Тој исто така рече дека како претседател ќе се залага за комплетно реформирање на правосудниот систем во државата, нагласувајќи дека е специјалното јавно обвинителство не смее да згасне.
„Политички мораме да овозможиме СЈО да продолжи да живее, ве уверувам дека после изборите потребните две третини за поддршка ќе бидат изнајдени, не затоа што тоа Европа го бара од нас, туку затоа сите сме должни пред себе и младите генераци да покажеме дека ова е правна држава. Секој кој постапувал спротивно на законот мора да одговара, а СЈО ќе мора да ги заврши и тие истраги што ги почна за тој период за кој е формирано. Истовремено и секој од актуелната власт кој ќе ги прекрши законите, ќе мора да одговара пред тоа исто СЈО“.
Митингот на претседатескиот кандидат Стево Пендаровски се одржа во спортската сала кај Гимназијата „Љупчо Сантов“. Во Кочани тој уште се сретна со млади лица на Споменикот на слободата, а вчера беше на митинг и во Виница .

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.