Денеска се гласа за петтиот претседател на Македонија

05 Мај 2019
242 пати

Граѓаните денеска гласаат за избор на нов претседател.


Избирачките места ќе бидат отворени од 7 до 19 часот.
Вкупно 1.808.131 граѓани имаат право на глас на овие претседателски избори.
Од нив 1.726.696 ќе гласаат денеска, додека останатите своето гласачко право го искористија вчера. Диајспората, затворениците, болните и изнемоштените веќе гласаа.
До 19 часот вчера, во затворите гласале 74,13% од запишаните гласачи, кои на број се 1.640.
Во 32 дипломатско конзуларни претставништва, вчера излегле да гласаат 7.024 избирачи или 46,16 отсто од пријавените гласачи.
Одзивот на избирачите во првиот изборен круг од претседателските избори во општините Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново – Облешево се движеше од 44 до 56 отсто.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.