Во Чешиново - Облешево ...Се наоѓа најголемото гнездо на штрк

15 Јун 2019
790 пати

Локалната самоуправа на Чешиново-Облешево беше домаќин и организатор на дводневна меѓународна

конференција на мрежата „Европско село на штркот“, како дел од овогодишната програма за одбележување на Денот на белиот штрк.

Главна тема на конференцијата беше заштитата на бидоверзитетот и на природната средина заради одржување на популацијата на белиот штрк во нашата земја, со посебно внимание на Кочанската котлина каде има најголема густина на штркови гнезда.
– НА ДВОДНЕВНИОТ СОБИР ПРИСУСТВУВАА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД 15 ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ КОИ СЕ ЧЛЕНКИ НА МРЕЖАТА „ЕВРОПСКО СЕЛО НА ШТРКОТ“ ШТО ЈА ОРГАНИЗИРАШЕ ГЕРМАНСКАТА ФОНДАЦИЈА „ЕУРОНАТУР“. БЕЛИОТ ШТРК Е НАШ ЗАШТИТЕН ЗНАК И НИЕ ПРЕЗЕМАМЕ КОНТИНУИРАНИ МЕРКИ И АКТИВНОСТИ ЗА ПОГОЛЕМА ГРИЖА ЗА НЕГОВО ОПСТОЈУВАЊЕ. СО ПОДДРШКА ОД МАКЕДОНСКОТО ЕКОЛОШКО ДРУШТВО ВЕЌЕ ИЗРАБОТИВМЕ ПРОЕКТ ЗА ЗАШТИТА НА ПАСИШТАТА И ЛИВАДИТЕ КАКО ИЗВОР НА ХРАНА ЗА ШТРКОВИТЕ, А МИНАТАТА ГОДИНА БЕШЕ ИЗГРАДЕНА И СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА НАБЉУДУВАЧНИЦА ЗА ПТИЦИ. ИСТО ТАКА, ОПШТИНАТА ИМА ДОГОВОР СО КОМПАНИЈАТА ЕВН ЗА ПОСТАВУВАЊЕ ПЛАТФОРМИ НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ СТОЛБОВИ НА КОИ БЕЛИОТ ШТРК БЕЗБЕДНО МОЖЕ ДА СЕ ГНЕЗДИ, ИСТАКНА ВИОЛЕТА ЈАНЕВА ОД ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО.

Во рамки на одбележувањето на Денот на белиот штрк во селата Чешиново и Соколарци беа предадени во употреба еко-паркови, за чија изградба и опремување Швајцарската агенција за развој и соработка донираше 10 милиони денари. Во парковите има инфо-куќички и набљудувачници за птици, детски забавни реквизити и макети на белиот штрк.

Според истражувањата што пред две години ги направи Македонското еколошко друштво, во општината Чешиново-Облешево има околу 100 штркови гнезда од кои седумдесетина се активни. Карактеристично е што за разлика од другите земји, каде секој пар изведува просечно по две младенчиња, овде тој број е двојно поголем. Освен тоа, во селото Чешиново се наоѓа и најголемото гнездо на штрк во нашата земја.

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.