Акција за отстранување на хаварисаните возила од јавно-прометните површини

18 Јул 2019
350 пати

Општина Кочани започнува акција за отстранување на хаварисаните возила од јавно-прометните површини.

До сопствениците на хаварисани возила упати повик за нивно отстранување во најкраток можен рок.
– Ги известуваме сите граѓани кои имаат оставено имаат оставено нерегистрирани, хаварисани возила, запрежни коли, трактори, земјоделски машини и алатки, приколки и камп-приколки, возила кои имаат налепница-известување дека се продаваат, да ги отстранат од јавните сообраќајни површини, улици, тротоари, паркинзи, како и од зелените површини – стои во соопштението на Комуналната инспекција при Општина Кочани.
Паралелно со повикот, комуналниот инспектор врши увид на теренот и праќа решенија до сопствениците за отстранување на возилата.
Доколку возилата кои подолго време зафаќаат јавно-прометни површини не бидат отстранети, општинските инспекциски служби во соработка со сообраќајните служби од Полициската станица од Кочани ќе реагираат според соодветната законска регулатива.
Оваа акција има за цел да ги подобри условите за проток на сообраќајот на тротоарите и на коловозите и да го подигне степенот на јавната чистота во Кочани.
Акцијава е дел од повеќето мерки кои во наредниот период континуирано ќе се преземаат во соработка со други надлежни служби, со цел да се подобри безбедноста во сообраќајот и да се јакне сообраќајната свест и култура кај граѓаните.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.