Се бетонираат пристапни улици во Кочани

19 Окт 2019
291 пати

Со средства од општинскиот буџет, според планираните активности од Програмата за уредување на

градежното земјиште, продолжува бетонирањето на неколку улици во Кочани.
Според стручните служби, во моментот се работи на уредување на дел од улицата „Коста Рацин“, потег што беше во лоша состојба која го отежнуваше движењето и на пешаците и на возилата.
Изведувачот на работите, градежната фирма „Портланд“ од Струмица во наредниот период ќе продолжи со бетонирање на кракот помеѓу улиците „Гоце Делчев“ и „Доктор Николиќ“, кај зградата на ЕВН. Според најавите, следува уредување на краци на улицата „Скопска“ и на „Искра“ и во селата Грдовци и Оризари.
Летово во Бели беа бетонирани 110 м на улицата „Ѓорѓи Бошков“, која се спои со соседната и се поставија банкини. Исто така беше бетонирана пристапна улица во селото Нивичани, долга 275 м, со ширина од 3 м.
За бетонирање улици и пристапни патеки, во Програмата за уредување на градежно зeмјиште за 2019 година се наменети 3,5 милиони денари.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.