Почит кон револуционерите по повод Денот на македонската револуционерна борба

24 Окт 2019
131 пати

По повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, прославен вчера, делегации од Советот

на Општина Кочани, Сојузот на борците од НОВ и од локални партиски ограноци положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата и им оддадоа почит на вековните стремежи за слобода и за обединување на македонскиот народ.
По повод државниот празник, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев упати честитка до граѓаните, во која стои:
– Денот на македонската револуционерна борба е симбол на континуитетот на организираната борба на македонскиот народ за стекнување сопствена, независна држава.
На 126-годишнината од формирањето на македонската револуционерна организација им оддаваме почит на сите кои го вградија животот во македонската борба за слобода.
Пораката на посветеност и целосна приврзаност кон идеалите од кои се раководеа револуционерите низ историјата, ја спојуваме со стремежите за стабилна, богата татковина, со квалитетен живот за сите граѓани – се вели во честитката од градоначалникот Илијев.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.