На Света Петка – Свечености на бензинската „Еко оил“

28 Окт 2019
874 пати

По повод православниот празник Преподобна Параскева – Петковден, во народот познат како Света Петка,

на бензинската пумпа „Еко оил“ во Кочани се одржа благословување на славскиот колач со свечен ручек.
Чиноначалствувањето го изврши неговото високо преосвештенство митрополитот Брегалнички, г. Иларион. Воедно на свеченоста како што изјави Сузана Мицевска беа промовирани уште три одбележувања. Поставување на камен темелник на нова бензинска пумпа на булеварот „Теодосија Паунов“, осветувањето на третиот дел од зградата на „Амфенол“ и 30 годишнината од постоењето на компанијата „Ледер“.
По повод свеченоста на повеќе од триесетина посетители им беа подарени по 10 литри гориво.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.