Во Општина Зрновци – Во моментов се работи на неколку проекти

01 Ное 2019
170 пати

„Ефикасната и сигурна патна ифраструктура ја олеснува и ја потикнува мобилноста на луѓето и стоките и

влијае врз деловните можности, но и врз вкупната привлечност на општината, ги разубавува нашите места на живеење, ги модернизира нашите населени места, а со тоа нашата општина стананува подобро и поубаво место на живеење“, напиша на својот ФБ профил, Блаже Станков, градоначалник на Општина Кочани.
„Веќе имаме нови локални остварувања, покажавме дека успесите се достижни, понекогаш за нив треба многу труд и време, но кога се работи се постигнуваат резултати“, наведува градоначалникот, Станков.
Во моментот во Општина Зрновци се работи на реализација на повеќе проекти. Еден од нив е изградба на улица „Трифун Вангелов“ во с. Мородвис, со должина од 400 м. а широчина од 5 м. Исто така се работи и на целосна реконструкција на Културниот дом во с. Видовиште, во тек е градба на Етно куќата во Зрновци, а ќе започне и изградбата на ул. „Тодор Арсов“ во Зрновци.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.