Реконструкција на канализацијата во Тркање

20 Ное 2019
99 пати

Се реконструира дел од фекалната канализација во селото Тркање.

Деновиве Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ работи на поставување нови канализациски цевки во централниот дел на Тркање. Активностите се почнати од мостот во непосредна близина на училишната зграда и ќе се изведуваат од десната страна по течението на Трканска Река, во должина од околу 400 метри. Новата канализациска мрежа ќе прифати поголем дел од фекалните води од селото и ќе го спречи нивното излевање во Трканска Река.
– Решаваме децениски проблем во селото Тркање, проблем што ги засега сите жители од ова населено место. Неговото надминување ќе овозможи да размислуваме за натамошно уредување на коритото на Трканска Река, парковско озеленување на одредени површини, поставување урбана опрема и подобрување на јавното осветлување покрај реката – најавува градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев.
Според информациите на оперативните служби од „Водовод“, реконструкцијата на канализацијата во Тркање се очекува да заврши за неколку седмици. Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.