ПЕЈПР МИЛ ГО ПОСТАВИ НОВИОТ ФИЛТЕР...

07 Дек 2019
668 пати

По препорака на Државниот Инспекторат за животна средина во ПЕЈП МИЛ веќе е монитиран нов воден филтер, кој ќе ги собира загадувачките супстанци и ПМ честички од одпадните гасови, кои предизвикуваа загадување на воздухот со јаглерод моноксид.

Филтерот ќе функционира по принцип - таложник со вода, низ која чадот поминува преку монтирани цевки и се враќа назад во системот, а низ оџакот излегува водена пареа.

Надлежните велат дека чадот што ќе излегува ќе биде помал од еден домашен оџак.

Ваквата инвестиција го чинеше ПЕЈПР МИЛ повеќе од 70 000 евра, а по новите мерења и испитувања се очекува фабриката со од околу 120 вработени да продолжи со континуирана работа.

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.