Виница – Кривична за марихуана

13 Дек 2019
470 пати

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава

против Д.Д.(26) од с.Лески, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги и психотропни супстанци“. На 13.06.2019 во Градски парк во Виница, пријавениот им овозможил на Т.С. и С.С., двајцата од с.Зрновци, да консумираат марихуана, а на 01.07.2019 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, каде пронашле и одзеле марихуана.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.