ЕКО ТИМ ИСТОК“ СО ДОНАЦИЈА ЗА ОУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

20 Дек 2019
293 пати

Во пресрет на Новогодишните празници и во периодот кога сме сведоци на голем број на епидемии

и болести на кои најмногу се изложени децата од градинките и училиштата, Здружението за екологија и заштита на животната средина „Еко Тим Исток“ – Кочани, обезбеди донација на течен сапун за учениците и вработените од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани, согласно доставеното Барање за донација и потребите на оваа установа до крајот на учебната 2019/2020 година.
Децата се нашето најголемо богатство, наше наследство и наша гордост, а ние даруваме од срце и секогаш се грижиме за нашите најмили.
Активноста е поддржана од претставник на Мировен корпус, волонтер во нашето здружение и нашиот финансиски помагател „Екопроект-Ко ДОО“ – Кочани.
Среќни Новогодишни празници
Здружение „Еко Тим Исток“ – Кочани

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.