Виница - Во расправија го удрил со возилото

23 Дек 2019
613 пати

На 21.12.2019 во 04,40 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Градец, виничко,

имало нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу неколку лица. Н.В.(26) од Виница, поради недоразбирање во сообраќајот поради предизвиканиот метеж, по куса расправија со нив, со возилото го удрил Г.П.(27) од Виница во пределот на левата нога. Г.П. бил пренесен во Клиничкиот центар Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница и се работи на целосно расчистување на случајот.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.