Кај Зрновци – Во сообраќајка загина 23 – годишно момче

28 Дек 2019
3553 пати

Во сообраќајка што се случила ноќеска на регионалниот пат Кочани – село Зрновци, починало

23-годишно момче, а неговиот врсник е повреден, откако со возилото излетале од патот.
Министерството за внатрешни работи информира дека ноќеска околу 01.30 часот на регионалниот пат Кочани – село Зрновци, на влезот во село Зрновци, кочанско, К.С. (23) од Кочани управувајќи патничко моторно возило „поло“ со кочански регистарски ознаки излетал од патот. На местото на настанот починал совозачот Б.М. (23) од Кочани, а К.С е пренесен во Медицински центар Кочани за укажување на лекарска помош .
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Кочани, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.