101 награда – Спонзорите беа дарежливи

30 Дек 2019
558 пати

Утревечер влегуваме во новата, трета декада од новиот милениум. По повод јубилејот

што го прославуваме, Радио Кочани ФМ, одлучи, покрај вообичаените новогодишни честитки, од лојалните спонзори да обезбеди и подароци за сите вас, драги наши, кои верно не следевте изминатите 10 години.
Сите новогодишни подароци ќе ви ги поделиме преку нашата и ваша 101 награда.
Спонзорите беа дарежливи. Најсреќните од вас кои испраќаат фотографија на фејсбук страницата на Радио Кочани ќе добијат : пакети производи, ваучери, електрични апарати, модни парчиња (женска и машка облека), технички прегледи и гориво за вашите возила, осигурување, чевли, чанти, парфеми, плочки, третмани, бојлери, комплети книги, хотелски ноќевања, производи од мермер, пакетчиња и многу, многу други поволности – 101 награда !
Нека ни е среќна и бериќетна новата 2020 – та година. Нека ни е честит големиот празник – Христовото раѓање Божиќ. Слушајте не на 91, 4 Mhz, посетете ја нашата интернет страница radiokocani.mk и facebook Radio Kocani.
Дослушање до догодина...

Оценете ја оваа вест
(6 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.