Кривична за полов напад на дете

02 Јан 2020
737 пати

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против жител на Виница на возраст од 66 години, за

сторено продолжено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Осомничениот го искористил претходното познанство со детето, па во ноември 2019 година го намамил во помошна просторија на станбена зграда каде го извршил кривичното дело. Потоа тој му дал парични средства на детето за да молчи. Осомничениот го повторил половиот напад врз детето на 31 декември, по што било откриено кривичното дело и осомничениот е лишен од слобода.
Јавниот обвинител оцени дека постојат околности што укажуваат на бегство на осомничениот, страв дека осомниченот ќе ги сокрие трагите од кривичното дело и ќе го повтори делото, па во насока на обезбедување непречено водење на кривичната постапка до судија на претходна постапка во Основниот суд Кочани достави Предлог за определување на мерка притвор против осомничениот.
Основниот суд Кочани на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.