Прес на ОО на СДСМ: Платите во социјалната сфера се зголемени за 26 %

18 Јан 2020
204 пати

Во досегашната историја на Република Северна Македонија од нејзиното осамостојување до

денес не се памети социјална реформа како актуелната која во толкав обем, капацитет и мерки го има поместено системот на социјална заштита во корист на најосетливите категории на наши сограѓани.
Со трите пакет закони за социјална и детска заштита и социјална сигурност на стари лица се изврши целосна преобразба на досегашниот систем за социјална заштита и се воведе социјална правда којашто е основата на секое здраво и напредно општество.
Со пакетот на закони за социјалната реформа се постави нов стандард во социјалната заштита. Директно се работи на намалување на детската сиромаштија и се унапредени правата на лицата со попреченост и за првпат воведен е Закон за социјална сигурност на старите лица. Целата реформа која што беше спроведена во широка консултација со сите засегнати страни веќе ги испорачува своите резултати.
Во оваа насока досега над 4 илјади возрасни лица станаа корисници на социјална пензија, се работи за лица со старост над 65 години кои досега живееле на маргините на општеството и со оваа реформа им се овозможува месечен приход од 6000 денари. Право на надоместокот за социјална сигурност имаат сите лица коишто се државјани на Република Северна Македонија најмалку 15 години, и не примаат старосна пензија, вклучувајќи ги и лицата без ден работен стаж.
Социјалната помош, односно правото на гарантирана минимална помош како што е предвидено согласно новиот закон е покачена за рекордни 300 % со што условите за живот на корисниците значително се подобрени, а за сите работоспособни приматели предвидена е активација на пазарот на труд со цел нивно трајно извлекување од сиромаштија.
Не само што е воведен минимален адекватен приход или повеќе финансиски средства кај најсиромашните туку се воведени и услуги кои што директно овие лица ќе ги носат до вработување, а децата до предучилишно образование во целиот образовен систем и притоа со социјалната реформа пристапот до детскиот и образовниот додаток се зголемува за 20 пати повеќе деца.
Со Законот за социјална заштита унапредени се правата и овозможени подобри услови за лицата со попреченост. Постојат можности да се користат и следните услуги за лицата со попреченост, а тоа се Лична асистенција и услугата Домашна нега.
Дополнително, правото за попреченост е проширено и за лицата со интелектуална попреченост, додека додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост е зголемен и изнесува до 50% од просечна нето плата.
Со покачувањето во просек од околу 26 % на платите во социјалната сфера вратено е достоинството на социјалните работници.
Почитувани сограѓани реформската влада предводена од СДСМ се грижи за унапредување и заштита на човековите права на сите лица со попреченост и со развојот на социјалните услуги е создаден ефикасен модел за поддршка што ја добиваат нашите сограѓани, а со тоа ја менуваме свеста кај граѓаните во прифаќање на различностите и градиме едно општество за сите!
Со ова е овозможено секој да ги постигне своите потенцијали во општеството, затоа што веруваме во инклузивно општество, еднакво општество, општество кое што дава шанса и се грижи за секој поединец.
Граѓаните на Општина Кочани ги гледаат овие реформи, ги користат овие придобивки, ја воочуваат разликата од претходниот режим и го препознаваат патот по кој сите заеднички одиме, а тоа е патот на просперитет, хуманост и солидарност.
На прав пат сме! На 12 Април ПОБЕДУВАМЕ !
Со почит,
ОО СДСМ Кочани
Нина Велкова, член на Извршен одбор и Централен одбор на СДСМ

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.