Водици во Кочани – Крстот го фати Горан Зашов

19 Јан 2020
1816 пати

Горан Зашов денеска на Водици имаше најмногу среќа, откако крстото се најде во неговите раце во осветените води на Кочанска реака. За големиот

христијански празник, Богојвление – Водици, имаше пријавено 32 верници кои скокнаа во студената вода на Кочанска река кај Крушарскиот мост. Крстот во Кочанска река го фрли митрополитот на Брегалничката епархија, г. Иларион, а најсреќен беше Зашов.
На Водици денеска во Кочани присуствуваа голем број граѓани и верници, како и техничкиот премиер Оливер Спасовски, во придружба на министерот за земјоделство Трајан Димковски и кочанскиот градоначалник Николчо Илијев.
– На сите православни христијани, на Светиот архиерејски синод, на неговото блаженство, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на свештенството и монаштвото во Република Северна Македонија им го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици. Денеска е денот кога сите треба да ги исчистиме нашите гревови, кога водите во нашата земја се преобразуваат во свети води и тој начин потсетуваат за крштевањето на Исус Христос во реката Јордан. Токму на овој празник на љубовта, на слогата, на заедништвото треба секој од нас да ја обнови својата духовна сила и заедно, во сплотеност, во единство да придонесеме и за лична и за колективна среќа и напредок. Затоа секој граѓанин на нашата држава треба да ја прими оваа порака, дека заедно можеме да направиме многу повеќе, и само преку слога и единство можеме да ги оствариме сите наши заеднички цели за развој и напредок, истакна Спасовски.
Честитки по повод празникот до сите христијански верници упати и градоначалникот на Кочани, Илијев, посакувајќи многу здравје и среќа, а на најсреќниот фаќач на крстот од име на локалната самоуправа му врачи пригоден подарок.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.