Виница – Крстот по втор пат кај Манасиев

20 Јан 2020
193 пати

Со силна верба во Бога, желбите кога тогаш стануваат реалност. Токму таа е и пораката која

вчера од Виница ја упати дваесет и три годишниот Даниел Манасиев, кој по десетти пат скока во водите на Виничка река, а по вторпат го фаќа крстот. Без некои посебни очекувања, Даниел испрати силна порака до младите, да го следат божјиот пат , бидејќи многумина веќе го напуштија, а лошото однесување не најавува убава иднина.
Даниел, кој е на привремена работа во странство, големите верски празници ги поминува во Виница, но и ги чествува согласно своите верувања и убедувања. 2017 и 2020 година се негови благословени години во кои му се остварува најголемата желба, соединувањето со Бога преку фаќањето на Светиот Крст.
Честитки на Даниел упатија и свештените лица од храмот “Св.Архангел Михаил“, кои му подарија икона за здравје, а градоначалникот Ивица Димитров ја продолжи традицијата со доделување лаптоп за Манасиев, додека Зегин му подари таблет, а за првпат од Здружението на занаетчии имаше и подарок- Икона на Св.Спиридон.
Крстот се фрлаше во водите на Виничка река, а по него денес скокаа 16 млади момчиња од Виница.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.