Тешка сообраќајка во Виница, петмина тешко повредени

27 Јан 2020
895 пати

На 25.01.2020 во 04,40 часот било пријавено дека во Виница на улицата Браќа Миладинови

се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “алфа ромео“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.И.(26) од Штип, и патничко моторно возило “поло“ со кочански регистарски ознаки, управувано од В.С.(59) од Кочани.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле В.С. и сопатничка од возилото “алфа ромео“ Е.И.(23) од Штип, по што биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Со повреди се здобиле С.И. и останатите сопатници од истото возило А.С.(19), Д.М.(27) и 17 годишно лице сите од Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.