Забремени 11 – годишно девојче од Кочани, силувачот може да заработи 12 години затвор

11 Фев 2020
1545 пати

Најмалку 12 години затвор се пропишани за кривичното дело за кое се товари 19 годишникот

од Кочани кој го извришил половиот напад врз девојчето.
Случајот ја разбранува јавноста, откако вчера беше обелоденето дека девојчето кое е на возраст од 11 години и сместено во Центарот за социјална работа во Берово, е бремено во шестиот месец.
Девојчето живеело со мајка си, која не забележала дека ќерка ѝ е бремена. Тоа го забележале вработени во училиштето што го посетувала малолетничката, по што таа била однесена на гинеколошки преглед.
Девојчето мометално е згрижено во мал групен дом. Пред две и пол недели во 22 часот вечерта, кочанската полиција го задржала деветнаесетгодишниот Е.А. поради постоење сомнеж дека извршил полов напад врз дете кое не наполнило четиринаесет години.
За ова дело, казниво според членот 188 став 1 од Кривичниот законик, минималната пропишана казна е 12 години затвор.
Основното јавно обвинителство Кочани, на самиот почеток на годинава, на втори јануари, поднесе обвинение за исто вакво дело – полов напад на дете кое не наполнило 14 години и за друг случај. Во тој случај, осомничениот, инаку Виничанец, во ноември лани, намамил малолетничка помлада од 14 години, во зграда па ѝ дал пари за да молчи. Потоа, уште еднаш го повторил делото пред да биде лишен од слобода. Во овој случај, осомничениот заработи триесетдневен притвор.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.