Водоснабдителниот систем на Кочани со уште еден бунар

30 Ное 2014
1399 пати

Трета година по ред Проектот

за управување со сливот на Брегалница организира јавна презентација на која ги претставува досегашните резултати, но и плановите за иднината.

На 4 декември во Кочани ќе се одржи презентација во чиј фокус ќе биде ажурираниот нацрт-план како и малите инфраструктурни проекти (од првиот и вториот повик).
Освен презентацијата, на 4 декември, во Кочани свечено ќе биде пуштен во употреба во употреба и нов бунар во бунарското поле Грдовски Орман, проект кој е прв целосно реализиран од сите 15 проекти. Бунарот со кој се обезбедуваат нови 30 литри вода во секунда овозможува стабилен систем на црпење на водата и непречено снабдување со вода и во евентуалните шпицови во критичните летни периоди. Со овој бунар вкупниот капацитет на целиот систем за водоснабдување е подигнат на 280 литри во секунда.
Проектот за управување со речниот слив на Брегалница се спроведува во 15 општини од регионот на реката Брегалница. Финансиран е од Швајцарскиот државен секретаријат за економски работи СЕКО заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и општините од регионот. Како и во сите други општини вклучени во проектот, така и во Кочани, ќе се продолжи во мониторингот на површински води и подземниот мониторинг, како и со сите активноси кои го вклучуваат населението: работилници, активности за зголемување на јавната свест и сл.Од проектните активности, сѐ уште во тек е реализацијата на малите инфраструктурни проекти од првиот повик, а во февруари на Управниот одбор на проектот ќе се потврди кои проекти од вториот повик ќе бидат финансирани. За разлика од првиот повик, каде сите општини добија по 50.000 швајцарски франци, вториот повик се однесува за проекти од 50.000 до 500.000 швајцарски франци, беше на конкурентска основа. Проектите од вториот повик се очекува да се реализираат заклучно со крајот на 2015 година.

Најдоцна до септември 2015 се очекува да излезе конечната верзија на Планот за управување со речниот слив, кој опфаќа анализи на постојната состојба, но и сценарија за можната состојба со водните ресурси во следните 20 години. Потоа тој ќе биде предаден на Министерството за животна средина и просторно планирање за понатамошно постапување согласно законските прописи.

Проектот за управувањер со сливот на Брегалница во сите свои активности ја вклучува јавноста и настојува да влијае на подобрувањето на јавната свест за сите еколошки прашања, но пред сѐ на прашањата поврзани со водните ресурси.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.