Земјоделците во општина Чешиново-Облешево подготвени за селектирање на пластичен отпад од земјоделството

26 Авг 2020
597 пати

Во рамки на проектот„ Селектирај пластичен отпад од земјоделството и дај свој придонес за борба против климатските промени“,кој го спроведува Здружението за екологија и заштита на животната средина „Еко Тим Исток“ од Кочани, реализирани се неколку средби со земјоделци на кои истите се запознаени со значењето на климатските промени и штетното влијание на пластичниот отпад од земјоделството како и со системот за собирање и правилно постапување со пластичниот отпад од земјоделството кој во изминатиот период беше интегриран во општината со поставување на садови за селекција на пет локации во општината. Земјоделците ја поздравија иницијативата и се согласија дека пластичниот отпад од земјоделството е сериозен и долгогодишен проблем кој на овој начин во голем дел може да се реши и истиот да заврши на соодветно место, а не расфрлан по полињата и дивите депонии.

Бобан Арсов од с. Чифлик, Општина Чешиново-Облешево е еден од задоволните земјоделци кои веруваат дека со овозможување на вакви услови за отстранување на земјоделскиот отпад, можеме да добиеме сите. Посебно истакна дека се опфатени земјоделските атари на целата општина и побара да бидат поставени уште вакви садови за да можат буквално сите жители на општината да ги користат и да учествуваат во грижата за животната среднина.

"Отстранувањето на отпадот од препарати, вреќи и најлон ни овозможува на сите нас да не ја загадуваме почвата и да стекнеме нови навики. Сега имаме садови за селекција на земјоделскиот отпад и многу сум горд на тоа дека нашата општина е прва во регионот во создавање на нови навики за чиста и здрава околина".

 

На средбите учествуваше и Градоначалникот на општина Чешиново-Облешево Г-дин Горанчо Крстев како и претставници од општина Чешиново-Облешево, а истите беа поддржани и од претставници на подрачното Министерство за земјоделство од Кочани.

Освен промотивни материјали, земјоделците добија и заштитни средства - маски, ракавици и средства за дезинфекција за поголема заштита од актуелниот вирус.

„За само еден месец од поставувањето на садовите за селекција, од страна на нашиот партнер „Екопоект-Ко“ ДОО Кочани, подигнати се 57кг ХДПЕ и 120кг најлон, што не прави посебно горди бидејќи ова претставува добар почеток кон решавање на еден огромен еколошки проблем –пластичен земјоделски отпад макар и во една мала општина како што е општина Чешиново-Облешево“. Се надеваме дек до завршувањето на проектот ќе можеме да се пофалиме со големи и видливи резултати“ - изјави координаторот на проектот Ирена Мирчовска.

Проектот е дел од подгрантовата програма на проектот „Да зборуваме за климатските промени“ кој го имплементираат Еко-свест, ЦНВП Македонија и ДЕМ, а е финансиран од Европската Унија.

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)