Кои училишта од соседните општини ќе спроведат онлајн настава, а кои со физичко присуство ?

30 Сеп 2020
475 пати

Радио Кочани дознава: Во соседната општина Чешиново - Облешево учебната година во услови на пандемија од утре 1ви Октомври ќе започне во двете централни и уште во 7 подрачни училишта во околните населени места. Според препораките на Министерството за образование и наука, само во двете централни училишта Климент Охридски и Страшо Пинџур, наставата од 4 то до 9 то одделение ќе се одвива од далечина, односно со онлајн платформата, додека во останатите подрачни училишта во Бања,Теранци,Чифлик, Кучичино, Уларци, Спанчево и Соколарци наставата ќе започне со физичко присуство на учениците. Во училиштата во Облешево ,Чешиново и Соколарци настава се организира од прво до деветто одделение додека во останатите учениците учат од прво до петто одделение.

Во општината Зрновци според добиените препораки, во ОУ Синиша Стоилов каде наставата ја посетуваат повеќе од 140 ученици, со физичко присуство ќе учат само учениците од прво до трето одделение, додека од 4 то до 9 то одделение наставата ќе се одвива онлајн. Во подрачното училиште во Мородвис за 25 ученици од прво до петто одделение наставата од утре ќе започне со физичко присуство.

Училиштата во двете општини се подготвени да ја започнат учебната година и на двата начина. Сите мерки и протоколи се исполнети. Направени се потребните одбележувања, набавени се потребните термометри и средства за дезинфекција, а клупите се поставени на потребното растојание. Новата учебна година може да започне !

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)