Денеска во посета на Кочани и новата градинка беше министерката Шахпаска (еве што изјавија со градоначалникот за медумите)

13 Окт 2021
566 пати

Дозволете ми да го изразам моето и задоволството на многу граѓани од Кочани за новата детска градинка, којашто полека го оформува својот конечен лик. Задоволен сум што за само 4 години одговараме на потребите на стотина семејства кои чекаат на згрижување на децата во јавната установа, задоволен сум што успеваме да ги подобруваме условите и квалитетот  во детската заштитa.
Пред четири години кога го преземав раководството во Локалната самоуправа, првата и основна работа беше подобрувањето на сместувачките капацитети за најмалите и најмилите од нашата општина. За жал, и покрај одамна изразената потреба, во нашите детални планови никаде немаше планирана парцела за детска градинка.

245155267_304035121151658_8506392803810397004_n.jpg
Затоа веднаш се зафативме за изработка на ДУП за Градска четврт 9, каде вклопивме локација за нова детска градинка.
Благодарение на разбирањето на Министерството за труд и социјална политика, веднаш добивме позитивни сигнали дека во Кочани ќе почнеме да градиме современа детска градинка! На наше огромно задоволство, авторот на идејниот проект, светски признатиот архитект, Словенецот Јуре Котник, проектираше зграда насочена кон децата и нивната поголема физичка активност. Објектот има прекрасен амбиент, внатрешно игралиште со тобоган кој ги поврзува двете нивоа, надворешна занимална, најсовремена фотокаталитичка фасада која ќе дава ефект на 40 дрвца и ќе го прочистува воздухот во од смог и загадување.
За Oпштината пак, овој објект има уште поголемо значење. Градинката создаде можност за пошироко уредување на просторот: изградба на сообраќајна инфраструктура со пешачки зони и оформување паркиралишта, озеленување и хортикултурно уредување, планирање на нови повеќенаменски и детски игралишта. Населбата Драчевик со неа добива нов изглед и квалитет. 

245266059_2009711605853755_7766636772895132656_n.jpg

Со добра координација меѓу сите засегнати страни и со одлична соработка меѓу централната и локалната власт, резултатот може да биде одличен! Се радувам што по две години административна работа, 20 месеци работа на терен и по 20 години од изградбата на последната, Кочани добива нова градинка, идеална за  реализација на воспитно-образовната и згрижувачката дејност на децата од предучилишна возраст. Децата нека растат во здрава средина, тие ни се огромен мотив да продолжиме да се грижиме за нивниот правилен развој изјави Николчо Илијев.

245512922_556665268758267_2816539283726952745_n.jpg

Важноста на предучилишното образование е наш врвен приоритет.

Тука децата преку игра ги учат елементарните работи: како треба да се дружат, како треба да се социјализираат, да ги прифаќаат различностите и да учат преку игра, па подготвени да влезат во основното образование.

245190971_727899858136994_293601995036513324_n.jpg

Имаме добра соработка со локалната самоуправа од Кочани и со градоначалникот, па се надевам дека оваа градинка многу скоро ќе биде ставена во функција, изјави преку медиумите министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

245456640_605895440542881_1860627582168416490_n.jpg

Се работи за проект изграден според најсовремените светски стандарди, за установи за предучилишно згрижување на децата.

Ова е современ објект со термичка вентилирачка фасада, кој ќе придонесува за чист воздух и здрава животна средина.

Со проектот ќе бидат згрижени 112 деца на возраст од 0-6 години во 6 групи од кои две се за дечиња од 0-2 години.

Градинката е инклузивна ќе овозможи згрижување на деца со попреченост.

245194440_966465480600828_8735685215328194488_n.jpg

Проектот се реализира со поддршка на „Светска банка“ и чини околу 57 милиони денари и се наоѓа во финална фаза.

Потребно е да се уреди инфраструктурата околу градинката, пристапот и дворната површина, како и хортикултурното уредување, што се надевам брзо ќе биде завршено, имајќи ја в предвид потребата за место повеќе, за згрижување на деца.

Изјави министерката Јагода Шахпаска

245215128_1288515221579239_8442122163055011695_n.jpg

245178417_970467420171811_1761074742515325097_n.jpg

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)