Виница - Седница на Советот

29 Сеп 2015
1353 пати

Врз основа на член 19 став 2 од Статутот на општина Виница

(„Сл.гласник на општина Виница бр.8/2010, 12/14“) и член 33 и 41 од Деловникот на Советот на општина Виница („Сл. гласник на општина Виница број 10/05,10/10“), донесувам Р Е Ш Е Н И Е За свикување 31-ва редовна седница на Советот на општина Виница

1.31-та редовна седница на Советот на општина Виница ја свикувам на ден 30.09.2015 година со почеток во 11,00 часот во салата за состаноци на 4-ти кат.

2.Пред утврдувањето на Дневниот ред, најнапред ќе се изврши усвојување на Записникот од 30-та редовна седница на Советот на општина Виница одржана на ден 27.08.2015 година. За оваа седница го предлагам следниот:

Д н е в е н р е д

1.Предлог-Буџет за изменување и дополнување на Буџетот на ЕЛС Виница за 2015 година (Ребаланс на Буџетот);

2.Предлог-Одлука за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Виница за 2015 година;

3.Предлог-Одлука за сопствено учество - кофинансирање на Проектот ,,Инвестиции во локална патна инфраструктура во ИПР за општините Виница, Берово и Делчево”; 4.Информација за распределба на средства на лица приматели на социјална парична помош во општина Виница за временски период од 01.01.2014 година до 31.07.2015 година;

5.Барање согласност за примена на одредбите на Статутот на Општинската јавна установа за деца-Детска градинка „Гоце Делчев“-Виница; 6.Барање согласност за примена на одредбите на Правилникот за внатрешна организација на ОЈУДГ „Гоце Делчев“-Виница и Правилникот за систематизација на работните места во ОЈУДГ „Гоце Делчев“-Виница;

7.Годишна Програма за работа на ОУ „Гоце Делчев“-Виница за учебната 2015/2016 година;

8.Годишна Програма за работа на ОУ „Славчо Стојменски“-Виница за учебната 2015/2016 година;

9.Годишна Програма за работа на ОУ „Кочо Рацин“-Блатец за учебната 2015/2016 година;

10.Годишна Програма за работа на ОУ „Никола Парапунов“-Драгобраште за учебната 2015/2016 година;

11.Годишен извештај за работата на СОУ „Ванчо Прке“-Виница за учебната 2014/2015 година;

12.Годишна Програма за работа на СОУ „Ванчо Прке“-Виница за учебната 2015/2016 година;

13.Барање од ЈП „Солидарност“-Виница за именување член на Управен одбор (Предлог-Решение за именување член на Управен одбор на ЈП „Солидарност“-Виница);

14.Информација за склучени бракови за 2014 година;

15.Извештај за здравствена безбедност на водата за пиење во с.Лески, с.Липец;

16.Предлог-Одлука за давање согласност за давање под долготраен закуп на градежно земјиште за изградба на мала хидроелектрана на река Зрновска со реф.бр.351;

17.Предлог-Одлука за давање согласност за давање под долготраен закуп на градежно земјиште за изградба на мала хидроелектрана на река Зрновска со реф.бр.353;

18.Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект на Барателот Бранко Тасев од Виница;

19.Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект на Барателот Огнан Тасев од Виница;

20.Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект на Барателот Јовица Велков од Скопје;

21.Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект на Барателот Зорка Стоименова од Кочани;

22.Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект на Барателот Јордан Серафимов од Виница;

23.Советнички прашања. СОВЕТ НА ОПШТИНА ВИНИЦА Претседател, Дипл.инг.техн.Благица Андонова с.р.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.