Изменет режим на сообраќајот за време на традиционалниот Кочански панаѓур

22 Окт 2015
1938 пати

Поради одржувањето на традиционалниот Кочански панаѓур, од 21 до 25 октомври Полициската станица – Кочани воведе

времена измена на режимот и на условите на сообраќајот на улиците „Скопска“ и „4 Македонска бригада“.
Улицата „4 Македонска бригада“ и крстосницата на улицата „Скопска“ со улицата „4 Македонска бригада“ ќе бидат исклучиво за движење на пешаци, а сообраќајот за сите возила ќе биде пренасочен по околните улици.
Заради безбедно одвивање на сообраќајот, изменет режим ќе има и на улицата „Охридска“, на која сообраќајот ќе се одвива во еден правец и тоа север-југ.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.