Петар Лунга Филиповски - Горд кочанец (со влашка крв) ита кон „Барцелона“

16 Јул 2014
1966 пати

Петар Филиповски е млад македонски ракометар кој има 18 години. По потекло е од Кочани, и како што самиот вели во интервјуто

горд е што потекнува од источниот град, игра на позицијата голман, а со ракомет започнал да се заминава пред 5 години. Своите ракометни почетоци ги имал во скопскиот ракометен клуб „Работнички“ на само 13 годишна возраст. Денес игра за РК „Метрополис“, а пред некој ден се врати од интернационалниот камп за голмани во Макарска, каде беше единствениот македонски учесник.
Кој е Петар Филиповски?
- Јас сум Петар Лунга Филиповски роден на 09.05.1996 во Скопје, но по потекло сум од Кочани (горд кочанчанец со влашка крв). Ракомет започнав да тренирам на 13 години во ракометниот клуб „Работнички“, кај тренерот Влатко Неделковски.
Иако најпрвин неговата желба била да биде фудбалски голман, сепак денес е горд што фудбалските стативи ги заменил со ракометни стативи
Зашто баш голманска позиција?
- Првично сакав да се запишам на фудбал исто така на позицијата голман, но по консултации со еден добар пријател, кој исто така во тој период започна да тренира во „Работнички“, се решив да почнам и јас рекреативно да тренирам ракомет и уште од првиот тренинг застанав меѓу стативите. Искрено незнам зошто баш голман, но одсекогаш највеќе ме привлекуваше голманската позиција, и едноставно сакам да сум последниот човек во одбраната, од мене да зависат многу работи.
Своите ракометни почетоци ги имаше во РК „Работнички“, а денес настапуваш во дресот на РК Метрополис екипа која е спонзорирана од едно од најдобрите радија во нашава земја. Колку си задоволен од условите кои ти се пружаат во овој тим?
Настапуваш во РК Метрополис екипа која е спонзорирана од едно од најдобрите радија во нашава земја. Колку си задоволен од условите кој ти се пружаат во овој тим?
- По екипата на „Работничкит“ поминав 7 месеци во екипата на „Металург“, каде што морам да признаам доста научив, но за жал на крајот испадна дека сеуште не сум бил подготвен да ги бранам боите на клубот од Автокоманда, па го напуштив клубот и заминав во екипата на Ѓорче каде што се натпреварував во првата македонска лига. По една година и шест месеци помината во ракометниот клуб „Ѓорче“, клубот се соочи со голема финансиска криза и едноставно престана да постои. По распаѓањето на првата екипа на РК „Ѓорче“ добив повик од сегашниот мој многу почитуван тренер и професор Велимир Мичевски да преминам во РК „Метрополис“ каде наидов на голема подршка и веднаш се вклопив во тимот. Ракометниот клуб „Метрополис“ едноставно кажано е следното големо нешто, тим за кој допрва ќе се слуша, тим кој допрва ќе навлегува во срцата на љубителите на ракометот. Условите во клубот се неверојатни, односно услови какви што им доликуваат на професионални екипи.
Беше единствениот македонец на интернационалиот камп за голмани во Макарска, какви се твоите впечатоци од оваа манифестација?
- Што се однесува до кампот за голмани кој го посетив пред некое време имам да кажам само пофални зборови и да посочам дека тоа е едно ОГРОМНО искуство што треба секој млад, перспективен голман да го почуствува, шанса каде може да се научат многу работи кои ќе послужат понатаму во нашите кариери и да стекнат пријателства со наши врсници од цела Европа и секако сите тие работи и искуства пренесени од ни помалку ни повеќе туку од самиот врв на најдобри голмани на денешницата како што се: Омејер, Алиловиќ, Шариќ, Блажичко, Шего …
Дали имаш идоли?
- Секако како и секој млад, надежен, перспективен голман имам свои идоли, а тоа се Силвио Хеинветер и Даода Карабуе.
Неговата цел е Барселона, а доколку добие понуда од Вардар или Металург би го одбрал …
Дали во иднина можеби се гледаш на голот на најголемите македонски брендови, кои се твоите планови за во иднина?
- Да бидам искрен моја цел е да стигнам меѓу стативите на Барселона или можеби во некој бундеслигашките екипи. Што се однесува пак до македонските клубови, ако некој ден добијам понуда од Вардар или Металург, без размислување би ја прифатил понудата на ВАРДАР.
ИЗВОР: Ракометни Вести

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.