Пензионерите спортисти ги започнаа тренинзите

17 Мај 2019
175 пати

Дождот кој вчераутро врнеше и во Кочани не беше пречка Здружението на пензионери на Кочани да го одржи

првиот собир и тренинг со спортистите кои ке учествуваат на регионалните спортски натрпревари на 12 јуни во Берово.
Како што не информира претседателот на ЗП Кочани, Ѓорѓи Серафимов првата прозивка поминала во најдобар ред. Сите пријавени спортистри и спортистки од ограноците на пензионерската организација биле присутни на првиот тренинг. Притоа биле определени тренерите по спортски дисциплини, кои од понеделники секој втор ден во неделата ке ги одржуваат тренинзите.
Здружението на поензионери на Кочани годинава ке учествува со масовен број на натпреварувачи во сите спортски дисциплини.Инаку, тренинзите ке се одржуваат на Градскиот страдион, во Управната зграда и на Градското стрелиште.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.