Акција за пошумување на неколку локации во Кочани

26 Ное 2019
196 пати

Општина Кочани во соработка со Национални шуми, Подружница  – Кочани подготвува акција за пошумување.


Акцијата се планира да започне во текот на оваа недела и да се реализира етапно. Стручните служби од Национални шуми ќе определат неколку локации за пошумување, според кои ќе биде дефиниран бројот и видот на садниците што ќе се засадуваат.
Во акцијата за пошумување ќе биде вклучена општинската администрација, КЈП „Водовод“, училиштата и други јавни институции.
Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев информира дека оваа акција ќе биде придонес кон мерките што ги презема единицата на локалната самоуправа во борбата против аерозагадувањето.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.