ГФК Осогово со најдобар профил на Твитер – Венко со жолто-сина фризура

16 Дек 2019
298 пати

ГФК Осогово ги собра сите симпатии во Македонија, а за овој симпатичен клуб се дозна и надвор

од границите на државата.
„Жолто-сините“ од Кочани есенва имаа очајна полусезона во Втората лига Исток, но и покрај се ентузијазмот и желбата за работа не ги напушти, напротив продолжуваат со посилно темпо.
Дека се махери за дигитален маркетинг и социјални медуми е веќе познато, а потврда за тоа пристигна деновиве.
Имено, ГФК Осогово доби награда за најдобат профил на Твитер во категоријата спортски клубови.
И тоа ќе беше се, но од ГФК Осогово не се ГФК Осогово доколку не изненадат па нивниот претставник, Венко Крстевски, на сцената за подигање на наградата се појави со фризура во боите на клубот, „жолто-сина“. Апсолутен хит, нема што.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.